Кулинарите и понатаму учат како да се промовираат на интернет

Активностите и обуките за нашите кулинари продолжија и во 2017. Имено, на 19 февруари во канцеларијата на АРНО имавме чест да го пречекаме Петар Шокаровски. Тој е модерен готвач, кој служи за инспирација на многу блогери за храна. Зошто модерен? Петар е од првите генерации кои почнаа да објавуваат храна на интернет (да блогира) а воедно и да приготвува модерни рецепти.

DSCN5594

Во интензивна презентација од два часа, тој им зборуваше на идните готвачи за тоа како тој се инспирирал и почнал да готви, кои се триковите за добра слика од храна, кои се најпознатите готвачи во светот и што тие прават, “чудни„ рецепти за салата со љубичица (кој би рекол?) итн…

Воодушевени од она што го слушнаа, пред младите сега е нов предизвик: да најдат доволно интересен рецепт, да му го испратат на Петар и тој потоа да го приготви и објави на неговиот блог http://receptitenapetar.blogspot.mk/

 

DSCN5607

Петар исто така сподели дел од блоговите кои тој ги следи и од каде често се инспирира. Љубителите на храна можеби веќе и ги познаваат, но за секој случај еве ги подолу…

https://www.facebook.com/Hleb-Lale-360343907323786/

https://www.facebook.com/JaUKuhinji/

http://www.jaukuhinji.com/

https://www.facebook.com/milinkuvar/

https://www.instagram.com/symmetrybreakfast/

https://garlickygirl.wordpress.com

http://grandadscookbook.blogspot.mk

http://www.sitnoseckano.com

***

Проектот Coolinari 2.0 е проект на Здружението за социјални иновации „АРНО“ со цел промовирање на социјалното претприемништво и истакнување на важноста на стручното образование и обука за намалување на невработеноста кај младите во Македонија. Во рамките на проектот беа организирани „Часови за готвење“ со професионални готвачи, во мај 2016. Часовите за готвење беа посетени од страна на клиенти кои купија ваучери за да научат како се готват различни јадења од врвни готвачи. Добивката од Часовите за готвење се реинвестира учениците-готвачи преку обуки, мотивациски средби со врвни готвачи и др.