#КулЕдаСиКулинар на Твитер награди

На покана на Јован Димитров, еден од основачите на Блокираме.мк и организаторите на Твитер наградите во Македонија, нашите кулинари имаа можност да се претстават со нивната работа токму на Твитер наградите за 2016 година кои се одржаа на 10.12.2016 во Кино Кулура.

Сите кулинари имаа претходно обука од Јован за како правилно се користат социјалните медиуми за промоција, така што овој настан беше одлична можност за нив да им презентираат на луѓето тоа што го прават и да се измешаат со познатите твитерџии. Тие се претставија со разни декорации, карвинг, слатки, лижавчиња итн.

Искуството беше уникатно, задоволството преголемо, и храната превкусна.

#КулЕдаСиКулинар

***

Проектот Coolinari 2.0 е проект на Здружението за социјални иновации „АРНО“ со цел промовирање на социјалното претприемништво и истакнување на важноста на стручното образование и обука за намалување на невработеноста кај младите во Македонија. Во рамките на проектот беа организирани „Часови за готвење“ со професионални готвачи, во мај 2016. Часовите за готвење беа посетени од страна на клиенти кои купија ваучери за да научат како се готват различни јадења од врвни готвачи. Добивката од Часовите за готвење се реинвестира учениците-готвачи преку обуки, мотивациски средби со врвни готвачи и др.