Состојки.
300-500 гр. јуфки
1 л млеко
6 јајца
100 гр. сирење
1 дл масло за јадење

Кавадаречки јајчаник

Јуфките се ставаат во тавче бр.28 и се потпекуваат во загреана рерна на 250°С, 5-10 минути. Вака потпечените јуфки  се прелеваат со претходно изматените јајца и млеко во кои е изрендано сирењето и додадено маслото за јадење. Повторно се враќаат во рерна и се печат на околу 200°С околу 1 час. Кога ќе биде готово, се сече на поголеми парчиња и се послужува топло.

Исто така, по желба јајчаникот се прави и благ, доколку наместо сирење и сол, се додаде еден филџан за кафе шеќер.