Зачинете го вашиот живот! Со зачини од другите земји

Зачините се продукти кои се употребуват во исхраната не само заради своите хранливи вредности, туку и  заради особениот вкус, мирис и состав. Со својот мирис и вкус го зголемуват апетитот и го олеснуват варењето на храната бидејќи дејствуват стимулативно на лачењето на жолчните сокови.

Туѓи зачини

Во ова група се вбројуват оние зачини кои се одгледуват во други земји, а кај нас се увезуваaт.

Црниот пипер е сув плод а белиот пипер се добива кога ќе се излупи лушпата на плодот. Црниот пипер се користи како универзален зачин на повеќе јадења.

Шафранот се добива од цветните влакна на западноевропските видови на кронус. Значаен е и како лек. Се користи за слатки, а и за готвење на ориз и овчо месо.

Ѓумбирот е исушен корен од растение познато уште пред 2000 години. Во Индија и Кина најпрво се користело како лек и како зачин. Се употребува за компот од круши и тиквa, за свинско печено, за рагу, маринати, џемови и слатки.

Ванилата во прачки е маховина од некои средоамерикански видови на орхидеи кои треба да созреат по прилично комплицирана постапка. Ванлилата е кралицата на зачините и таа не сме да недостасува кога се печат слатки, а незамлива е и за сите видови на компоти.

Каранфилчето преставува исушени пупки од цветови. Се користи за варено вино и компот, за супи, зеленчук, јадења од месо и дивеч.

Кари е зачинска смеса од индиска кујна. Соодржи 12-15 тропски зачини од црн пипер, ѓумбур, коријандер и други. Се користи за јадење од ориз, риба, месо, живина и разни сосови. Се чува во добро затворен зад.

Каријандерот се употребува за слатки и колбаси. Се споменува уште во староиндискиот јазик.

Белиот пипер е важен зачин во зрно. Помалку е лут од црниот. Во зрно се додава во маринати, а мелен се користи во многубројни јадења од месо и риби, сосови, супи и готови јадења од зеленчук.

Морското оревче се одгледува на Мелучките Острови и во западна Индија. Се употребува за подобрување на вкусот на супите како и сосови, за јадења со мелено месо, за ноклици, за слатки и зеленчук. Сомелен во прав служи како зачин за слатки, супи од месо и колбаси.

Пиментот има вкус меѓу црн пипер и каранфилче. Се употребува во сосови, цупи, рибни супи, маринати, слатки и слично.

Циметот се одгледува во Цејлон, Суматра и Кина. Се произведува во долги прачки од 2 метри а при продавањето се крши на парчиња од 1 см. Доколку парчињата се посветли и потенки тогаш циметот е поквалитетен. Се користи за супи, сосови, компоти и слатки.

Пистацијата е плод од растение што расте во Средноморјето. Зрелите плодови долги се 2 цм а имат вкус сличен на бадем. Се користи за слатки и колбаси.

Мацисот е ароматичен зачин познат под името Мускатов цвет. Тој се состои од исушената влакнеста обвивка од морското оревче.