Состојки.
4-5 велигденски јајца
3 млади кромитчиња
сол по вкус
3 супени лажици масло за јадење
3 супени лажици винска киселина

Велигденска салата

Од искцканите (вапцани) јајца се подготвува оваа велигденска салата. Јајцата се лупат, се мијат и се сечат на четвртинки. Се редат во чинија за сервирање и се посолуваат. Во длабок сад се мешаат винската киселина, маслото за јадење и претходно ситно исечканото кромитче. Содржината од садот се налева рамномерно врз целата површина на велигденската салата. Оваа салата е прекрасно мезе на велигденската трпеза. На здравје!!!