АРНО амбициозно и’ се приближува на иднината

На 24.11   .2016, Здружението за социјални иновации „АРНО“ присуствуваше на настан организиран од страна на Амбасадата на Франција во Република Македонија, во Сити Хол, наречен „ Амбициозно да и’ се приближиме на иднината “

Главна тема на настанот беа младите: нивно ангажирање, мобилност и вработување.


15293362_10154898074286531_805045143_o   15231742_10154898074471531_935478091_o


„АРНО“ се претстави со проектите „Младинска професионална кујна-нови технологии за социјален бизнис“ и „Кулинари 2.0“. Двата проекти се во соработка со СУГС „Лазар Танев“, и директно ја помагаат транзицијата на младите готвачи кон пазарот на труд преку организирање на обуки за да ги развијат потребните вештини за да бидат поконкурентни.

На првата дискусија, се разви дебата за потребата од мобилност на национално ниво како и ангажирање на младите за да се зголеми мобилноста и придобивките од истата. Втората дискусија допре теми како: препознавање на граѓанскиот сектор не само од страна на институциите туку и од самите граѓани, медиумите и уметноста како алатка за пренесување на порака, толерантност итн. Овој настан овозможи и подобро запознање на присутните организации и институции со Регионалната младинска канцеларија за соработка (RYCO).

Присуствуваа и претставници од асоцијацијата СЕГА, Националниот совет на Младите на Македонија, Асоцијацијата на агенции за локална демократија (АЛДА), Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, Делегација на ЕУ, Француско-германската канцеларија за млади (OFAJ) и Центар за балканска соработка ЛОЈА.

15225287_10154898074656531_658411523_o

Антонио Ѓорѓиевски зборува за неговото искуство во двата проекти