АНТОНИО ЃОРЃИЕВСКИ СО СРЕБРО ЗА КУЛИНАРИ

На првиот меѓународен гастрономски натпревар во Скопје, што се одржа на 18 и 19 октомври, нашиот млад шеф Антонио Ѓорѓиевски освои сребрен медал во категоријата Јуниори- индивидуална подготовка на тестенини.


14875800_979632305493372_1795821259_o     14859479_979632362160033_1592585009_o


„Ова за мене беше прв пат да учествувам на гастрономски натпревар, и претставуваше можност да ги проверам моите способности и вештини. За рецептот и подготовката на јадењето ми помогна мастер шеф Константин Катафај, шеф на кујна во Park Residence . Подготвив равиоли полнети со спанаќ и урда, во сос од врѓан и маслиново масло со вкус на тартуф. Сребрениот медал дополнително ме мотивира да продолжам да учам и да се усовршувам во струката.’’

Антонио беше дел од Часовите за готвење организирани во рамки на проектот Кулинари 2.0 , преку кој тој се претстави на натпреварот.

На настанот присуствуваа повеќе од 100 готвачи од Бугарија, Албанија, Србија, Хрватска, Црна Гора, БиХ, Словенија, Италија, Романија, Швајцарија, Словачка и Шведска.

Меѓународниот гастрономски натпревар беше организиран од страна на на Здружението на готвачи Гастро Мак.

14705661_1834421700136156_4027530468377348013_n